- За ЦЕА
- Публикации
- Проекти
- ЦЕА Журнал
- Производи
Н о в о с т и
Коментари на ЦЕА на нацрт Стратегијата на ЕБОР за Република Македонија
април, 2013
Конференција за „Кредитирање во земјоделството - состојби и перспективи
април, 2013
Центарот за економски анализи (ЦЕА), Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) и Центарот за иновации, со поддршка на од АгБиз програмата на УСАИД, организираат конференција за „Кредитирање во земјоделството - состојби и перспективи“ што ќе се одржи во Скопје на 9ти Април 2013, вп Хотел Континентал Покана.
Соработка помеѓу ЦЕА и ЗНМ
јануари, 2013
ЦЕА и ЗНМ работат заедно на зголемување на капацитетите на новинарите за потребата од поголема фискална транспарентност и за користење на www.mkbudget.org во нивните новинарски истражувања. Анкета.
ЦЕА журнал за економија број 14
јануари, 2013
Новиот 14-ти број на ЦЕА журналот е достапен. Можете да прочитате за Пазарните фактори за селекција на банки во БиХ, Сива економија во Македонија, Микрофинансирање како алатка за редукција на сиромаштијата и Политичка економија на Тетово и Куманово. линк.
Иницијатива за буџетска транспарентност (Open Budget Initiative) 2012
јануари, 2013
Имаме голема чест да Ви ги претставиме резултатите од најновото истражување на Иницијативата за буџетска транспарентност (Open Budget Initiative) за 2012 година. Според истражувањето, продолжува надолниот тренд во буџетската транспарентност и Македонија се наоѓа на 68-то место од вкупно 100 земји, со 35 индексни поени . линк.
декември, 2012
ЦЕА организираше јавна дискусија за фискалната транспарентност во Република Македонија, дел од проектот “Поддршка на застапувања базирани на факти за Буџетот на РМ”. Главен дел на дискусијата беше веб портал за Буџетот на РМ www.mkbudget.org, каде што буџетските ставки се презентирани на лесно разбирлив и визуелен начин, кои можат да се симнат во MS Excel формат. Порталот обезбедува лесно достапни податоци, кои што едноставно и брзо можат да се користат во анализи, студии, прилози и образованието во врска со Буџетот на РМ.
ЦЕА програм за пракса
ноември, 2012
ЦЕА повикува заинтересирани за пракса кои сакаат да научат како за академско така и за истражување на политики во областа на финансиите, социо-економијата, децентрализацијата итн. линк.
Квартален извештај за македонската економија
октомври, 2012
Кварталниот извештај за македонската економија содржи анализи за макроекономските трендови и краткорочни предвидувања и проекции. Извештајот се изработува врз база на потребите на јавниот сектор, бизнис заедницата, домашните и меѓународните финансиски институции, меѓународните организации и академската заедница, за непристрасен доверлив извор на информации и податоци. линк.
Презентација во Министерството за труд и социјална политика за сивата економија во РМ
јули, 2012
ЦЕА ги презентираше резултатите од студијата која ја проценува сивата економија во Македонија во јули 2012 пред ретставници од Министерството за труд и социјална политика. Студијата е достапна на англиски јазик на следниов линк.
Презентации на студијaта за трансфери од Ирак и Авганистан
јуни, 2012
Во јуни 2012 година ЦЕА ги презентираше резултатите од студијата за приватните трансфери од Македонци кои работат во Ирак и Авганистан. Презентациите се одвиваа во Куманово и Тетово, кои воедно се и градовите врз чии граѓани се фокусира студијата. Студијата е достапна на македонски јазик на следниов линк.
Ново издание од ЦЕА Журналот за економија
јуни, 2012
Во јуни 2012 година излезе најновиот 13-ти број од ЦЕА Журналот за економија на англиски јазик. Застапени се повеќе македонски и интернационални автори со разновидни теми од областа на економијата, како агробизнисот, банкарскиот сектор, градежништвото итн. Погледнете го ова издание на журналот на англиски јазик на следниов линк.
ЦЕА студија за сивата економија во Македонија
мај, 2012
ЦЕА изработи студија во која се истражува и проценува големината на сивата економија во Македонија. Преку користење на индиректни методи за проценка на сивата економија (ЕСМ и MIMIC методите), ЦЕА пресмета дека релативната големина на сивата економија во Македонија е намалена од 35% од БДП во 2000 год. на 24% од БДП во 2010 год. Студијата на англиски азик и извршното резиме на македонски јазик се достапни на следниве линкови: Студија / Извршно резиме.
ЦЕА истражување за приватните трансфери од Ирак и Авганистан
мај, 2012
ЦЕА изработи студија која го анализира и проценува ефектот на приватните трансфери од Македонците вработени во Ирак и вганистан од градовите Тетово и Куманово. Резултатите укажуваат дека голем дел од овие средства се одделени за издржување на семејствата, опремување на недвижнини и започнување на бизнис. Студијата е достапна во целост на македонски јазик на следниов линк.
Поддршка за ЦЕА од OSI
март, 2012
Фондацијата Отворено Општество и додели институционална поддршка на ЦЕА за период од една година. За повеќе нформации обратете се кај Директорот на програмата за тинк-тенк организации при OSI, г-дин Горан Булдиоски на gbuldioski@osi.hu.
